Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика луѓето во земјата да престанат да користат пластични и најлонски производи за една употреба.
Додека во многу градови низ Индија властите на најразлични начини се трудат да се справат со пластичниот отпад, едно село покажа како навистина треба да се справиме со овој проблем.
Лахунг, хималајско село во североисточната покраина Сиким, успешно го забрани користењето на пластични производи за една употреба и нуди еколошки алтернативи.
Не може ни да влезете во селото ако со себе носите пластика, ќе ви биде конфискувана!