Ѓоковиќ го победи Шаповалов и го освои Мастерсот во Париз

0
88


Париз, 3 ноември 2019 (МИА) – Новак Ѓоковиќ го победи Канаѓанецот Денис Шаповалов со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4, во финалниот натпревар на АТП турнирот во Париз, Франција.

Мечот траеше еден час и осум минути.

Дваесетгодишниот Шаповалов стигна до финалето на турнирот, откако неговиот ривал Рафаел Надал го предаде вчерашното полуфинале поради повреда.

Мастерс турнирот „Ролекс“ во Париз се играше за награден фонд 5,2 милиони евра. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here