Што ќе се случи со мозокот ако престанете да вежбате?

0
101
loading...

Понекогаш е тешко да се мотивираме да вежбаме. Можеби радо би останале на каучот пред телевизорот, или пак би нашле милион одговори зошто немаме време. Но, освен што би чувствувале вина ако направиме пауза од вежбање или би прескокнале некој ден во теретана или на пилатес, веројатно ќе се чувствувате скоро исто во поглед на здравје.

Иако можеби 2 пропуштени часа и нема воопшто да направат разлика, научниците откриле дека пауза од 10 дена може да има голем ефект на мозокот. Во студија објавена во Frontiers of Ageing Neuroscience, истражувачите набљудувале група здрави возрасни во физички добра кондиција од 50 до 80 години пред и по 10-дневната пауза во нивните секојдневни фитнес рутини.

По истражувањето спроведено во групата, главниот автор на студијата, д-р Џером Карсон Смит објаснил:

„Знаеме дека хипоталамусот игра важна улога во учењето и меморијата и е една од првите делови во мозокот кој страда кај луѓе со алцхајмерова болест. Така, важно е да се потенцира дека кај луѓето што престанаа да вежбаат само 10 дена се покажа намалување на протокот на крв во делови од мозокот што се важни за одржување на здравјето на цел орган.“

loading...

Но, веројатно не е се така црно. Докторот продолжува:

„Не најдовме доказ дека се влошиле когнитивните способности по 10-дневната пауза. Но, пораката за секој е едноставна – ако престанете да вежбате 10 дена, како што ќе престане кардиоваскуларниот фитнес, ќе искусите пад на протокот на крв во мозокот.“

Ова би значело дека не е толку загрижувачки ако се направи мала пауза, но воопшто не би била добра идејата целосно да се откажете од вежбањето.

loading...