Што треба да направите за да ја спречите раната менопауза?

0
92


Терминот сексуална активност вклучува сексуален однос, орален секс или мастурбација, а недостатокот на овие работи го принудува телото да ги троши своите ресурси на друго место затоа што овулацијата очигледно е залуден процес.

Жените што се сексуално активни на неделно ниво, имаат 28 % помалку шанси да имаат рана менопауза за разлика од оние што се сексуално активни на месечно ниво.


„Ако жената нема секс и нема можност да забремени, телото одлучува да не инвестира во овулацијата затоа што таа е залудна. Одлучува да инвестира во нешто друго, како што е силата да се грижите за вашите внуци“, изјави Меган Арнот, автор на ова истражување.

Менопаузата, пред сè, е мерка што го намалува репродуктивното растојание помеѓу различните генерации жени така што жените ќе може да инвестираат во грижата за децата од втората генерација. Од жените што биле дел од истражувањето за своите сексуални навики, во текот на 10 години, 1324 жени доживеале менопауза на 52 години. Оние жени што имале сексуални односи барем еднаш неделно, ја намалиле појавата на рана менопауза за 28 %, а оние што имале секс еднаш месечно, ја намалиле можноста за рана менопауза за 19 %.

Прочитајте што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here