Што треба да им кажете на ќерките во најчувствителните години?

0
86


Врската помеѓу мајката и ќерката е најсилна, а мајката може да чита меѓу редови и да знае што се случува во главата на нејзината ќерка. Тоа е причината поради која ќерките во тинејџерските години почнуваат да бараат независност и да се оддалечуваат од своите мајки.

Во текот на оваа фаза, најважно е да бидете искрени со вашата ќерка. Можеби таа не го знае тоа, но станува збор за период во кој потребата да ја насочите и да ѝ го покажете патот е најголема. Ова се работите што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка во тинејџерските години.


1. Бајките се лага

Филмовите за тинејџери што ги гледате и романтичните романи што ги читате се лага. Објаснете ѝ на вашата ќерка дека во ниеден момент од животот нема да наиде на господин „совршен“ случајно на патот, да се заљуби, да има деца и да живее среќно до крајот на животот.

Животот е непредвидлив и ништо нема да оди според планот. Научете ги ќерките сами да создадат својата дефиниција за совршеност, да научат да комуницираат и да прават компромиси, а сепак да се борат за себе.

2. Не верувај никому, дури ни мене

Изреката „мајката знае најдобро“ не е секогаш точна. Секоја личност има различна перспектива. Научете ја вашата ќерка да знае што сака и да не дозволува другите да влијаат врз неа на кој било начин. Таа треба да биде свесна дека најмногу треба да верува во себе и во својата интуиција.

3. Твојот план најверојатно нема да успее

Плановите пропаѓаат, но не дозволувајте тоа да ја обесхрабри да продолжи да планира.

Научете ја вашата тинејџерка дека грешките се составен дел од животот и дека сите ги прават. Најважно е да продолжи да верува во себе и да биде вредна.

4. Не можеш да им угодуваш на сите

Ако им угодуваш на сите околу себе, единствената работа што ќе ја добиеш е разочарување.

Научете ги ќерките да се фокусираат на себе, на своето образование и на својата кариера и научете ги дека не треба да ги одложуваат своите обврски и желби само за да им угодат на другите.

5. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе, но немој да се потпираш на мене

Децата треба да знаат дека родителите секогаш се тука за нив, но тоа не значи дека треба да очекуваат родителите да им ги решат проблемите.

Научете ги вашите ќерки да бидат одговорни, а кога нешто не функционира како што планирале, самите да се справат со ситуацијата.

Прочитајте кои се 7-те најважни љубовни лекции на коишто мајките мора да ги научат своите ќерки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here