Што треба да знаете за крварење од носот во текот на бременоста?

0
97


Затнат нос во текот на бременоста е сосема нормална појава, но понекогаш може да се случи и да имате крварење од носот. Поради овој проблем, идните мајки не треба да се грижат.

Имено, крварење од носот е вообичаена појава во текот на бременоста поради хормоналните промени.

Бременоста предизвикува ширење на крвните садови во носот, се зголемува количината на крв и капиларите се шират полесно при што крварат.

Крварењето од носот е почесто доколку бремената жена има проблеми со синусите или доколку е настината.

Крварењето трае неколку секунди до 15 минути.

Доколку носот ви е затнат, со помош на палецот затворете ја едната носница и испуштете го сето она што е непотребно од другата носница. Повторете го истото со другата носница сè додека не почнете да дишете нормално.

Зголемете ја влажноста во просторијата во којашто живеете, а тоа може да го направите со освежувач на воздух.

Освен тоа, мора да консумирате повеќе витамин Ц. Тој може да ви помогне да имате посилни капилари и да го намали ризикот од крварење во носот. Консумирајте овошни сокови, овошје, зеленчук богат со витамин Ц.

За да го прекинете крварењето од носот, треба да седнете, да го стиснете мекиот дел од носот и да го држите 3 до 5 минути. Држете ја главата надолу додека трае крварењето.

Доколку и со помош на овие совети не можете да го сопрете крварењето, посоветувајте се со вашиот лекар и закажете преглед кај оториноларинголог.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here