Што сè прават затворениците во САД за да се заразат со вирусот?

0
52


Група затвореници во затворот Pitchess Detention Center во сојузната држава Калифорнија намерно меѓусебе се заразиле со коронавирус со цел порано да излезат.

Во тој затвор кон средината на април е забележан ненадеен пораст на бројот на заразени со коронавирусот. Шерифот Алекс Вилануева пред новинарите изјави дека 21 затвореник успешно се заразил со вирусот така што затворениците пиеле од исто шише и дишеле во иста заштитна маска. Безбедносните камери снимиле вознемирувачки сцени откако за само една недела бројот на заразени затвореници со коронавирусот пораснал за 60 проценти.

Надзорната камера со снимка од 26 април покажува како затворениците се обидуваат да се заразат со вирусот така што користат исти маски и шишиња.

Тие погрешно мислеле дека ако се заразени постои можност да бидат ослободени од затвор, но тоа нема да се случи, објаснува Вилануева.

Во видеото затворениците си подаваат од истото шише и користат иста заштитна маска. Затворскиот дел во кој се сместени тие заразени затвореници има вкупно 50 затвореници.

Бројот на затвореници во затворите во Лос Анџелес се намали од 17.000 во февруари на нешто помалку од 11.700.

„Ако пандемијата се случеше кога имаше 17.000 затвореници резултатите би биле катастрофални“, смета Вилануева.

Досега се забележани 357 случаи со зараза, што е скок од 234 случаи во однос на 4 мај, кога беа 123.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here