Што не треба да јадете после тренинг?

0
190
loading...

Тоа што редовно трчате и вежбате е многу корисно и здраво за вашето тело, но не вреди ништо доколку веднаш по тренингот изедете храна која ќе ги анулира бенефитите од него.

Откако ќе истрчате десетина километри и ќе направите неколку тешки вежби, веројатно првото на што помислувате е храна. Воопшто не е погрешно да јадете по тренинг, но мора да знаете што треба, а што не треба да јадете.

Еден од најдобрите британски нутриционисти, Ријанон Ламберт, вели дека храната по тренинг е и тоа како потребна, најмногу за да помогне да закрепнат мускулите. Таа напомена дека јаглехидратите се подеднакво важни за исхраната како и протеините.

„Комбинацијата од двата типа на храна ќе помогне мускулите побрзо да заздрават и да се развијат правилно“, рече Ламберт.

loading...

Според неа, не смеете да пиете алкохол по тренингот, па дури ниту пиво. Иако многумина велат дека пивото е многу здраво за пиење по тренинг, тоа нема да ви помогне при хидратацијата на телото и нема никаква нутриционистичка вредност. Наместо пиење на било каков алкохол, таа предлага да пиете вода по тренингот, бидејќи тоа ќе ве освежи и ќе го хидрира телото.

Ламберт вели дека треба да почекате околу 45 минути откако ќе заврши тренингот, за телото да се смири и да може да се врати во состојба во која правилно ќе ја вари храната. Таа предлага да не јадете мрсна храна или тестенини, бидејќи телото дополнително ќе се напрега да ја свари храната, иако е веќе уморно. Сепак, тоа не значи дека треба да се опуштите целосно и да изедете неколку парчиња сиров зеленчук, бидејќи ниту тоа не се препорачува. Зеленчукот е одличен како дел од јадењето, но не смее да претставува целосен оброк, бидејќи едноставно не е доволно хранливо.

Кога ќе заврши тренингот најдобро е да јадете јајца, сирење и житарици, бидејќи овие храни лесно се варат, а имаат доволно калории за да ги закрепнат мускулите.

loading...