Што всушност е коронавирусот и како се шири?

0
45


Во најновото анимирано видео на TED-Ed ќе дознаете многу повеќе за коронавирусите, колку има познати коронавируси и каков е новиот коорнавирус.

Така на пример, коронавирусот SARS-CoV предизвикува болест SARS, MERS-CoV предизвикува MERS, а SARS-CoV-2 ја предизвикува болеста COVID-19.

Од седумте коронавируси што ги погодуваат луѓето, четири предизвикуваат настинки, благи високо заразни инфекции на носот и грлото. Две ги инфицираат белите дробови и предизвикуваат потешки заболувања.

Седмата, која предизвикува болест COVID-19, ги има следните карактеристики: лесно се шири и тешко ги инфицира белите дробови. Кога заразена личност кашла лесно го шири вирусот преку капки. Тие капки заразуваат друг човек кога навлегуваат преку носот или устата.

Овој коронавирус најлесно се шири во затворен простор, кога луѓето се во непосредна близина, едни до други. На вирусот му одговара студеното време, но УВ зраците може да му наштетат.

Бидејќи никој не е имун на новиот вирус, тој има прилично голем број услови да преживее во луѓето и затоа не му се потребни идеални временски услови за да се прошири.

Токму затоа е од голема важност да се одржи социјална дистанца. Многу повеќе за овој вирус ќе дознаете од ова интересно едукативно видео.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here