Кејт Мидлтон си го исполни сонот на секоја девојка, а тоа е да се омажи за принц. Првата обична смртничка која се омажи во кралско семејство, принцот го освоила на факултет каде веднаш станала популарна. На факултетот Свети Ендру, во кој оделе таа и принцот, Кејт ги посетувала студентските забави и веднаш „заработила“ надимак, Поради физичкиот изглед веднаш ја нарекле „Убавата Кејт“ (Beautiful Kate) и по тој надимак ја знаеле сите на факултет.
„Беше висока, витка, со густа коса. Дојде од летување и беше потемнета, со зелени очи. Најубава на факултет. Веднаш почнаа да ја нарекуваат „Убавата Кејт“, рекле оние кои студирале со принцот и војвотката.
Вилијам и Кејт прво биле пријатели, а хемија меѓу нив се создала откако ја видел на модна ревија на која носела проѕирен фустан под кој се гледала нејзината долна облека.