Шпанија ја среди Белорусија и обезбеди полуфинале

0
102


Со девет голови разлика Шпанците со стил се пласираа во полуфиналето.

Белоруските ракометари добро парираа во првиот дел кога имаа и водство и кој го загубија со 16:17. Но, во вториот дел силината на Шпанците дојде до израз и на крајот се заврши со убедлива победа.

Највисокото водство на Шпанците беше при крајот и гласеше 10 голови разлика, водство кое на крај за малку не остана двоцифрено.

Анхел Фернандес и Феран Соле постигнаа по 7 голови кај Шпанците, додека Хорхе Македа даде 6. Сепак, најефикасен на натпреварот беше Белорусинот Микита Ваилипау со 8 голови од 9 удари.

Двата белоруски голмани во вториот дел не одбранија ниту еден удар, а сите 5 одбрани ги запиша Вјачеслау Салдаценка. На спротивната страна Гонсало Перес де Варгас одбрани 15 пати.

Во последното коло Шпанија во директен дуел со Хрватска ќе решава кој како прв во групата во полуфиналето ќе игра против второпласираниот од втората група.

Табела група I:
1. Шпанија 8 (4) 131:105
2. Хрватска 8 (4) 105:91

3. Германија 2 (3) 81:81
4. Австрија 2 (3) 81:86
5. Белорусија 2 (4) 102:124
6. Чешка 0 (4) 100:113





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here