Шпанија од 15 мај воведува задолжителен карантин за сите кои влегуваат во земјата

0
46


Мадрид, 12 мај 2020 (МИА) – Шпанија ќе бара од сите кои по 15 мај доаѓаат од странство да бидат ставени во карантин 14 дена.

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека мерката, објавена денеска во службен весник на Шпанија, има за цел „да ги ограничи ризиците кои произлегуваат од меѓународниот промет на луѓе“ за време на пандемијата.

Туристичките агенции и транспортните компании мора да ги известат своите клиенти за новите регулативи пред да им ги продадат билетите за Шпанија, а авиокомпаниите мора да се погрижат патниците да имаат „картичка за локација“ во случај да треба да бидат контактирани по патувањето.

Шпанија почнува да ги олеснува мерките по седум недели строги ограничувања на движењето. Повеќе од 26.700 луѓе во Шпанија починаа како последица на COVID-19, а пријавени се над 268.000 заразени.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here