Шетачот на кучиња на Лејди Гага раскажа за нападот

0
10


Рајан Фишер, човекот кој се грижи за кучињата на Лејди Гага, за првпат од болница проговори за „своето искуство блиску до смртa“, како што вели тој.

Фишер беше застрелан во градите минатата недела од киднапер на кучиња. Киднаперот и неговиот соучесник ги однесоа двата булдога на Лејди Гага, Коџи и Густав. Нападот се случи во Холивуд, Лос Анџелес.

Третиот булдог женка, Мис Азија, успеала да побегне од киднаперите, но потоа се вратила кај повредениот Фишер, кој  вели дека таа е неговиот „ангел чувар“.

Тој објасни дека штом ја видел покрај него додека лежел на земја во локва крв, Азија му влевала храброст и решеност да преживее.

„Моите панични врисоци се смирија додека ја гледав, иако сфатив дека крвта што се собира околу нејзиното мало тело е моја крв“, напиша тој на својот Инстаграм во понеделникот.

„Ја галев Азија колку што можев, ѝ се заблагодарив за сите неверојатни авантури во кои сме биле заедно, се извинив дека не можам да ги бранам нејзините браќа и потоа решив дека сепак ќе се обидам да ги спасам нив и себеси“, напиша Фишер.

Тој е сè уште во болница и заздравува од повредите од минатонеделниот напад.

Булдозите на Лејди Гага беа пронајдени во петокот вечерта, откако една жена ги донесе во полициска станица во Лос Анџелес. Властите соопштија дека жената не била вклучена во инцидентот. Полицијата допрва треба да идентификува осомничени лица.

МАКФАКС





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here