Шестгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа во Тетово

0
5


Шестгодишно девојче од Тетово почина во сообраќајна несреќа откако како пешак било удрено од возило.

Несреќата се случила околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира тетовската  полиција.

Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30-годишник од село Фалише.

-Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди од кои починало по пренесувањето во Тетовската клиничка болница. Возачот- учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here