Швајцарија ја претстави најмалата паричка во светот

0
98


Швајцарија ја издаде најмалата монета во светот. Има вредност од четвртина швајцарски франк, а на неа е ликот на славниот Алберт Ајнштајн.

Според државната ковачница за пари Swissmint, паричката од 2,96 милиметра и тешка 0,063 грама, е најмала во светот.

Во соопштението се наведува дека се направени само 999 парички и ќе се продаваат за 199 франци, заедно со лупа за да се види ликот на Ајнштајн.

Златната паричка е во чест на личноста и делото на славниот физичар Алберт Ајнштајн.

https://kajgana.com/

Роден во Германија во 1879 година Ајнштајн направи револуција во светскиот поглед на физиката во 1905 година, со неговата формула E=mc².

Потекнувал од еврејско семејство, а одреден дел од животот минал во Швајцарија. Живеел во Берн од 1903 година до 1905 година, кога ја развил теоријата за релативитет.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here