Шарени планини со боја на виножито што се слева по врвовите

0
132


Доволно е природата само малку да си поигра со боите и да претстави нереално убави сцени пред очите на луѓето.

Едно од ремек-делата на природата се шарените карпи на планинскиот венец Жангие Дансија кој се наоѓа во северозападниот дел на Кина, во провинцијата Гансу. Необичните бои на карпите креирале талог од црвен песочник и слоеви од минерални наслаги.


Планина со слични бои постои во Перу и се нарекува Виникунка, односно Планината на виножито, која се наоѓа во близина на градот Куско. На оваа планина постои минералошки состав кој во линии ги бои врвовите на планината во седум бои.

Во Аризона постои област каде што карпите се нарекуваат „Бран“ затоа што ерозијата направила облик што изгледа како бурно море. Ова чудно место го посетуваат многу фотографи кои фасцинирани од нијансите на боите, успеваат прво да го видат со голо око, а потоа и да го фотографираат ова место.

Можеби сакате да ги погледнете и овие 27 природни чуда во светот што секој би требало да ги посети.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here