Чулев објави детали за случајот со нападнатата девојка во Штип

0
86


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев објави детали во врска со случајот за нападнататa девојка во Штип кој вчера ја вознемири јавноста.

Вчера, односно на ден 02.04 Секторот за внатрешни работи Штип презеде мерки и активности при што врз основа ги лиши од слобода лицата П.Р и С.А. од причини што истите на неутврдена дата во текот на месец јануари, оваа година започнале вербална расправија со оштетената К.А. која преминала во физички напад врз неа. Вербалниот напад започнал во куќата каде престојувала оштетената и продолжил на улица по што истите ја внеле во влез од зграда каде ја затвориле вратата и извршиле грубо насилство врз оштетената кое истовремено го снимале.

Во влезот од зградата, пријавените заедно физички ја малтретирале, при што телесно ја повредиле и ја загрозиле нејзината сигурност. Од тие причини, а врз основа на изјавите на сторителите на делото и оштетената, полициски службеници од СВР Штип преземаа мерки во врска со кривичното дело при што се извршени проверки односно извршен е увид во Facebook групата каде е објавен видео материјалот и врз основа на утврдените докази и факти во присуство на јавен обвинител од Штип од страна на оштетената извршено е препознавање на сторителите на делото и одземени им се мобилните телефони. Врз основа на горенаведното од страна на СВР Штип до ОЈО Штип поднесена е кривична пријава за кривично дело „Насилство“ по член 386 од кривичниот законик.

Во текот на денешниот ден пријавените се изведени пред судија на претходна постапка и за истите е определена мерка притвор, извести министерот Наќе Чулев на неговиот Facebook профил.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here