Чудниот случај на Ди Бело: Судеше 2 натпревара од исто коло во Серија А

0
136


Да, еден судија може да суди на два натпревара од исто коло и тоа во едно од топ 5 првенствата во светот. Ако не верувате, прашајте го Марко Ди Бело.

Главниот судија ги отсуде натпреварите Аталанта – Лече и Бреша – Сасуоло и влезе во аналите како судија кој судел два натпревара од исто коло.

Се работи за натпревари од 7-мото коло од оваа сезона во Серија А. Градовите Бергамо и Бреша се на растојание од само педесетина километри или точно 59,3 од стадионот „Атлети Аѕури д’Италија“ на Аталанта до „Марио Ригамонти“ на Бреша што со кола се минува за околу 55 минути.

http://kajgana.com/

Теоретски, Ди Бело можел натпреварите да ги отсуди и во ист ден, нормално доколку не се играат во исто време.

Сепак, овој куриозитет настана поради одложувањето на натпреварот во Бреша поради смртта на претседателот на Сасуоло. Овој натпревар се одигра дури синоќа, а токму Ди Бело беше делегиран да го суди. Благодарение на тоа си обезбеди место во аналите на италијанското калчо. За првичната дата на одигрување беше делегиран друг судија.

 

 

Натпреварот помеѓу Аталанта и Лече, пак, се одигра уште на 6 октомври.

 

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here