Човештвото би можело да исчезне до крајот на 21 век

0
126


Човештвото би можело да исчезне до крајот на 21 век доколку не се најде замена за истрошениот капиталистички  систем кој го модернизираше светот, а сега го уништува, предупредуваат футуристите.

Со оглед на тоа дека човештвото е соочено со закана од исчезнување, изгледа дека му дојде крајот на суровиот капитализам кој ја искористува биосферата, па треба да се замени со некој друг, посложен систем, пишува Big Think.

Капитализмот има свои позитивни и негативни страни, иако помогна милијарди луѓе во светот да се издигнат од сиромаштија, доаѓа време кога револуционерните промени ќе го направат застарен тој систем.

Една од причините за брза промена е технолошкиот напредок поради кој голем број работни места ќе станат вишок во следните 25 години. Во развиените земји семејствата од средна и работничка класа се во материјална стагнација во моментов. Во САД 15% од популацијата е под границите на сиромаштија, ако во тоа се додадат и деца помлади од 18 години се покачува на 20 проценти. Истовремено, сите достигнувања во последните неколку децении од корист биле за еден процент од они кои најмногу заработуваат.

Десет проценти од сите животни и билки ќе исчезнат од Земјата до 2040 година, тврдат биолози од Универзитетот Лидс во Велика Британија. Тоа се повеќе од милион видови. За нивно исчезнување се виновни луѓето чии постапки доведуваат до ефект познат како антропогено климатско нарушување.

Ќе исчезнат големите желки, носорозите, слоновите, скоро сите грабливци и други видови.

http://kajgana.com/

Сечата на шумите, инфраструктурните проекти, претераниот риболов, комерцијалното земјоделство и широката употреба на фосилно гориво заедно го предизвикуваат степенот на изумирање илјада пати побрзо од сите останати настани во последните 65 милиони години.

Само прекумерниот риболов ќе го „избрише“ комерцијалниот риболов до 2050 година бидејќи морската околина повеќе нема да може да се обнови. Никој не знае како тоа ќе влијае на светскиот еко-систем и на човечката популација. Три милијарди луѓе во светот зависат од риба како дел од нивната исхрана.

До средината на 21 век ќе дојде до енормен раст на градската популација што ќе доведе до пренаселеност, поголемо ширење заразни болести и поголемо оптоварување на водоводните мрежи и здравствените служби.

Нивото на морето расте 25 проценти побрзо од тоа што е предвидено во 90-тите години на 20 век. Националната управа за океани и атмосфера предупредува дека американските градови до 2050 година секојдневно ќе бидат соочени со поплави.

http://kajgana.com/

Кон средината на векот 9,7 милијарди луѓе ќе живеат во подрачја кои ќе бидат погодени, повеќе или помалку, со недостиг на вода. Тоа ќе го загрози глобалното снабдување со храна. Производството на храна ќе биде намалено за 2 проценти на глобално ниво до 2050 година.

Френк Фенер од австралискиот Национален универзитет предвидува дека човештвото ќе изумре до крајот на векот, со оглед на овие податоци.

Како можно решение и обид за спас, научниците наведуваат воведување на заедничко сопствеништво и задруги. 70 проценти од јавната берза денес е во сопственост на управници на фондови и финансиски институции кои немаат удели во областите во кои фирмите работат.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here