Цената е 100 милиони евра, Бејл на раскрсница за кој премиерлигаш да игра?

0
18
loading...

Два англиски премиерлигаши со по 100 милиони евра летово ќе се обидат да го купат велшанецот Герет Бејл, најавија шпански медиуми и најверојатно шпанскиот великан Реал Мадрид ќе прифати една од двете понуди, но сега левокрилниот фудбалер треба да се реши која понуда евентуално би ја прифатил.

Според последните информации Манчестер јунајтед и Челси подготвиле понуди за Бејл, а во моментов „црвените ѓаволи“ се во предност затоа што имале поконкретна понуда. Бејл е незадовлен во Мадрид, далеку е од вистинската форма и многу извесно дека Флорентино Перез, првиот човек на „кралевите“ ќе прифати продажба на својата ѕвезда.

Но, колку што Јунајтед во моментов е во пол позиција, Челси има адут повеќе зашто Еден Азар има желба да игра за мадриѓаните, па „сините“ тоа може да го искористат за размена со Бејл и да го донесат Велшанецот во своите редови.

Бејл во Реал Мадрид дојде од Тотнем за светски рекорден трансфер вреден 100 милиони евра.

loading...
loading...