Хороскоп и возење: Овните се бесни тркачи, Девиците ги почитуваат сите правила

0
126


Главните одлики на секој од хороскопските знаци се одразуваат во сите аспекти од живеењето, од најсекојдневни до најспецифични.

Велат дека карактерот на човекот најдобро се гледа според тоа каква е неговата сообраќајна култура, односно каков е зад волан.

Припадноста на хороскопскиот знак не ве дефинира како личност, но може да каже многу за тоа каков возач сте.

Во продолжение, прочитајте какви возачи се припадниците на различните хороскопски знаци, од најдобри до најлоши:

Јарец

Стрпливоста, ефикасноста и способноста да планираат сѐ однапред се особини што ги карактеризираат Јарците и се токму оние вредности што ги прават најдобри возачи. Не возат пребрзо и не сакаат невнимателни потези како претекнување. Практични се и реални, па ако се напиле и една чаша алкохол побрзо ќе тргнат пеш дома отколку да седнат зад волан.

http://kajgana.com/

Близнаци

Секогаш друштвени и во движење, Близнаците се најдобри кога треба да се прилагодат на различни услови во сообраќајот. На суво возат брзо, на влажни коловози се внимателни, а исто така исклучително брзо реагираат во непредвидливи ситуации.

Девица

Овие перфекционисти ги почитуваат сите правила и прописи, никогаш не возат над дозволената брзина, застануваат на пешачки премин и нема шанси да поминат на жолто. Нивниот перфекционизам и коментарите за несовесноста на другите учесници во сообраќајот некогаш ги прават неподносливи ако се возите заедно со нив, но нема да најдете посовесни возачи од нив.

http://kajgana.com/

Лав

Лавовите сакаат да владеат со сѐ, а тоа значи и со патот. Им пречат сите други учесници во сообраќајот и сакаат да доминираат во секоја сообраќајна ситуација. Сепак, нивната лавовска чест не им дозволува да бидат несовесни возачи, па освен малку побрзо возење, ги почитуваат правилата. Се сакаат себе си и безбедноста им е на прво место, па нема да видите Лав зад воланот без врзан појас.

Скорпија

Овие контрол фрикови сакаат да драматизираат, но притоа ретко грешат. Возат брзо и со трикови, претекнуваат, пресекуваат и вртат секаде, но се одлучни и сигурни возачи. Сепак, треба да поработат на темпераментот, сепак не се сами на патот.

Вага

Нивната најголема предност е што одлично знаат како да ја прочитаат ситуацијата во сообраќај. Совршено ја скенираат околината и ги воочуваат проблемите. За нив возењето е како шаховска игра и пресреќни се кога ќе успеат да се извлечат од метеж додека сите други стојат во место.

Рак

Сосема очекувано, Раковите зад волан се бавни и дефанзивни. Превнимателни се и поради тоа ги излудуваат останатите возачи. Затоа почесто ќе ги видите како одат пеш или возат велосипед.

http://kajgana.com/

Водолија

Индивидуалисти кои прават сѐ по свои правила, а тоа важи и за возењето. Тоа не е добра вест за останатите учесници во сообраќајот, но сепак, не се неодговорни. Ги кршат правилата само кога ќе проценат дека не ја загрозуваат безбедноста на другите.

Риби

Емотивните Риби тешко се снаоѓаат во сообраќај. И најмала ситница може да ги исфрли од колосек и да ги расплаче, па не забележуваат сообраќајна сигнализација. Нивната емотивност ги прави невнимателни, па ако тргнете на пат со припадник на знакот Риби бидете будни цело време и смирувајте ја ситуацијата.

Бик

Сѐ е добро додека некој не им замери нешто или си помислат дека им замерил. Биковите не поднесуваат некој да им пресече лента или да им земе паркинг место пред нос. За среќа, многу си ги сакаат автомобилите, па нема да направат нешто што ќе ги доведе во ситуација да го оштетат возилото.

http://kajgana.com/

Стрелец

За нив сѐ е интересно, па и она што не е на патот. Љубопитните Стрелци не можат да ги држат очите на патот пред себе, па ако тргнете на долг пат со нив треба да бидете активен совозач и да ги потсетувате каде треба да се исклучат од патот.

Овен

Планетата што владее со Овенот е Марс, а тоа е богот на војната, импулсивен и тврдоглав. Совршени возачи се за трки, но во сообраќај со „обичните смртници“ многу тешко се контролираат. Ако слушнете некој нестрпливо да свирка или да дрифта на семафор, голема е веројатноста да е Овен.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here