Додека некои луѓе се многу таинствени, други лесно може да ги „прочитате“. Тие секогаш се искрени и покажуваат што мислат, па кога ќе ги запознаете брзо дознавате сè за нив.
Личностите родени во овие хороскопски знаци се токму такви, може да ги прочитате како отворена книга:
1. Бик
Иако понекогаш сакаат да имаат свој мир, Биковите се многу отворени и друштвени личности. Цврсто стојат зад сопствените уверувања и не се плашат да ги кажат. Сакаат да ја коментираат секоја ситуација, и не им е грижа што другите мислат за тоа.
2. Лав
Лавовите по природа се многу отворени и енергични личности. Тие се родени лидери, а во нивниот речник не постои суптилност. Не трошат енергија на таинственост и пресметливост, туку на сите им се претставуваат такви какви што се.
3. Стрелец
Стрелците се друштвени и позитивни личности кои не знаат за мистериозност. При комуникација со луѓето се многу отворени, ретко ќе запознаете срамежлив Стрелец. Секогаш ја кажуваат вистината и тоа го очекуваат од другите.