Хорор сцена: Љорис скрши рака и прими гол

0
101


Брајтон ги победи Тотенхем со 3:0, но резултатот не беше најголемата штета за „петлите“ на средбата на стадионот „Амекс“ во првиот натпревар од осмото коло од Премиер лигата.

Во третата минута Иго Љорис направи сериозна грешка по центрирање на Берн. Голманот ја испушти топката пред гол-линијата, а Мопе само ја спушти со главата и погоди во празна мрежа.

Примениот гол беше само почетокот на кошмарот. При падот, Љорис лошо „слета“ на левата рака и му беше укажувана помош неколку минути пред да биде одведен на носилка, со маска за кислород на лицето.

http://kajgana.com/

Според првичните информации, Љорис ја скршил раката и веројатно ќе биде надвор од теренот долго време. На негово место влезе Аргентинецот Пауло Гацанига.

Хорор моментот кога Љорис ја скрши раката може да го видите во видеото подолу.

*Внимание! Следува содржина што може да ве вознемири





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here