Хорор сообраќајка, но возачот спаси глава

0
110


Кога ќе ги погледнете фотографиите од местото на настанот на оваа сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Џорџија сигурно помислувате на најлошото.

Во несреќата, теренско возило Nissan се забил во камион натоварен со дрвени трупци.

Судејќи по фотографиите од несреќата, со жалење би констатирале дека возачот на SUV возилото не преживеал.

Дрвата влетале низ шофершајбната во кабината, исполнувајќи го секој сантиметар.

http://kajgana.com/

Приказната како шоферот преживеа е навистина неверојатна.

Се наведнал да земе нешто што му паднало пред совозачкото возило еден миг пред да закочи натоварениот камион пред него и неговото возило да се забие во камионот.

http://kajgana.com/

Пожарникарите пресекле 40 дрвени трупци за да дојдат до повредениот возач. Постапката траела 15 минути, а глетката била како од хорор филм.

За среќа, во таква свиткана положба возачот буквално успеал да си ја спаси главата. Поминал со повреди на телото, но состојбата му е стабилна и не е во смртна опасност.

http://kajgana.com/

Ваквите сообраќајки се уште едно потсетување дека седнувањето зад волан е огромна одговорност и дека и најмало невнимание може да ве доведе на чекор до смртта.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here