Хеликоптерот на НАСА ја преживеа првата студена ноќ на Марс

0
4


Хеликоптерот Ingenuity кој се одвои од роверот Perseverance успеа да преживее една студена ноќ на Марс.

Американската вселенска агенција НАСА во саботата потврди дека роверот го испуштил хеликоптерот на површината и дека Ingenuity го поминал важен тест за независност. Сега инженерите имаат доверба да продолжат со серија вежби за загревање на хеликоптерот пред планираниот прв лет, што треба да се изведе во текот на викендов.

„Ова е огромно достигнување што го чекавме со нетрпение и сега можеме да продолжиме кон остатокот од мисијата. Ние сме посебно вселенско летало на Марс и ја користиме својата енергија“, рече заменик-шефот за операции за Ingenuity, Теди Цанетос.

Хеликоптерот со соларен погон пристигна на Марс во „стомакот“ на роверот Perseverance на 18 февруари. Роверот го фрли заштитното ќебе минатиот месец за да му овозможи на Ingenuity да го почне процесот на излегување на површината на Марс. Овој процес беше успешно завршен, по што хеликоптерот ја направи првата фотографија на површината на Марс со својата камера од 13 MP.

Perseverance се оддалечи од хеликоптерот и тогаш започна 31-дневното одбројување, што е крајниот рок за Ingenuity да изврши пет пробни летови и со тоа да влезе во историјата. Предвидено е Ingenuity да започне со летови во недела на 11 април.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА потврдија дека хеликоптерот ги преживеал ниските температури на Марс и испратил сигнали што го потврдуваат тоа.

За време на првиот лет неделава, Ingenuity ќе полета од површината и ќе лебди околу 30 секунди, а потоа ќе слета. Фотографиите од првиот лет се очекуваат на 12 април. Потоа во следните денови следуваат други летови.

Ingenuity има соларен панел кој собира енергија и полни шест литиум-јонски батерии. Хеликоптерот има компјутер 100 пати помоќен од компјутерот во Perseverance, а опремен е и со мали грејачи кои го греат за време на студените Марсовски ноќи.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here