Хеликоптерот на Коби не смеел да лета во услови на магла

0
97


Компанијата со чиј хеликоптер леташе Коби Брајант кога загина заедно со уште осум лица, немала дозвола за оперирање на летала во услови на магла, покажа истрагата за несреќата.

Island Express Helicopters имала ограничување во дозволата за оперирање кое гласи дека пилотот смее да управува со хеликоптерот само ако јасно може да гледа каде лета.

Пилотот наводно имал федерален сертификат да управува со хеликоптер потпирајќи се само на инструментите во кокпитот. Меѓутоа, се чини дека немал многу искуство во тоа, велат експерти, бидејќи бил ограничен со типот на дозволата на компанијата.

Точната причина за падот на хеликоптерот не е утврдена и истрагите на ФБИ, полицијата и Службата за авијациска безбедност продолжуваат.

Коби Брајант (41) загина во несреќа во Калабасас, Калифорнија заедно со ќерката Џијана (13) и уште седум други лица.

Ѕвездата на Л.А. Лејкерс синоќа доби емотивно испраќање во Стејплс Центар од клубот и навивачите.

https://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here