Фудбал или фарса: Играч два пати доби црвен картон на еден натпревар

0
98


Вакви ситуации ретко се гледаат на фудбалските терени и подобро да остане така.

На натпреварот меѓу Фуенлабрада и Џирона во шпанската Втора лига, играч на домаќините доби бизарен црвен картон. И тоа не еднаш, туку два пати.

Во 68. минута Кристобал прво доби директен црвен картон за остар прекршок на средината на теренот и беше испратен во соблекувална.

По консултација со ВАР собата, судијата ја преиначи одлуката и му даде само жолт картон. Тука почна бизарната драма.

Кристобал се врати на терен и веднаш влезе во расправија со играч од спротивниот тим, заради што доби втор жолт картон, односно „втор“ црвен.

Повторно беше исклучен од игра, на општо чудење на присутните на стадионот. Со играч помалку, неговите соиграчи не успеаја да дојдат до погодок, па Џирона со еден гол стигна до победа.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here