Фудбалот доминира во светот, тенисот не е број 1 во ниту една држава

0
91


Фудбалот е убедливо најпопуларен спорт за гледање ширум светот, покажа истражувањето на Statista.

Луѓето на планетава најмногу уживаат да гледаат фудбал. Оваа игра е најпопуларна во 90 отсто од државите ширум светот, како што покажува и долунаведената мапа.

Втор по полуларност, според број на држави во кој преовладува, е бејсболот. Него најмногу го сакаат во Јапонија, Тајван, Венецуела, Панама, Порторико, Куба и во Гватемала.

Кошарката изненадувачки не е број еден во САД, туку во Естонија, Литванија и Филипини.

Во САД број еден е американскиот фудбал, или за Европјаните едноставно рагби. Вид на рагби, односно ирско рагби е најпопуларно во Ирска, а рагби со австралиски правила е најгледано во Австралија. Обичното рагби доминира во Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја и некои островски држави од Пацификот.

Хокеј најмногу се гледа во Канада (очекувано), Финска и Латвија. Иако до неодамна хокејот беше број еден и во Словачка, сепак фудбалот му го зеде приматот таму.

Одбојката е најпопуларна во Мјанмар, додека во Индија, Пакистан и Гвајана незаменлив е крикетот. Во Монголија, пак, најмногу се ужива во борењето.

Интересно, африканските држави се сите обединети околу еден спорт, фудбалот.

Тенисот, ракометот и скијањето никаде не се на прво место.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here