Женската фудбалска репрезентација конечно се израдува на победа во квалификациски натпревар откако предмалку во Скопје го победи Казахстан со 4:1.
Откако претрпеа пораз од 3:0 на гостувањето кај силната Австрија во првото коло минатиов месец, македонските фудбалерки го поправија впечатокот доминирајќи над Казахстанките.
Победата уште по 6 минути игра на „Петар Милошевски“ стадионот во Ново Лисиче ја најави повратничката Наташа Андонова.
Ова се први бодови за нашата репрзентација во циклусот квалификации за пласман на ЕУРО 2021. Наредниот натпревар е против Србија во сабота од 15 часот на истиот терен.
Последен пат женската сениорска репрезентација се радуваше на победа на официјален квалификациски натпревар на 8 март 2011 година кога со 1:0 ја совладавме Латвија во претквалификациите за ЕУРО 2013.