Ким Кардашијан Вест на овогодинешната Мет Гала носеше корсет поради кој не можела ниту да оди во толает, затоа што премногу ја стегач. Во новата епизода на реалното шоу кое го следи животот на старлетатата и нејзините сестри, открила низ какви маки поминува.
Старлетата на себе носела корсет, односно ѝ помагале тројца мажи за да го облече.
„Ќе биде проблем ако морам да одам во тоалет. Минатата година имав метален фустан па ги раширив нозете кога одев во тоалет. Ако ми се оди во тоалет оваа година, мислам дека ќе уринирам врз себе, па нека ме избрише едната сестра и нека ме исуши. Воопшто не се шегувам“, коментирала Ким.