ФОТО: „Факт дека никој ништо не ни должи“ – македонската водителка со честитка за Нова Година

0
102


Како и сите останати македонски јавни личности, така и водителката Јелена Спенџарска упати своја честитка за Нова Година преку Инстаграм.

„Го обожавам овој период од годината, но овие површни зборови кои со денови ми се пред очи на социјалните медиуми како НОВА ГОДИНА –НОВА ЈАС ми се тотално без везе.Искрено.Не наседнувајте на вакви глупости.Да си го промениш животот, да бидеш амбициозен и да си ја пронајдеш среќата не е нешто кое ќе го скоцкаш во две реченици и ќе го постираш на 1-ви оти така нели иде редот.Тоа е непрекината серија на мали и големи борби, со себе и со другите, навики вовлечени во нашето секојдневие.Факт дека никој ништо не ни должи.Мислам дека луѓето најмногу се несреќни и фрустрирани баш поради тоа. Постојано сме опседнати со тоа дека еве сега мораме да го имаме идеалниот партнер, идеалната работа, многу не бива и универзумот ни должи награда.Не. Не си го прави тоа на себе. Аристотел рекол дека ние сме тоа што постојано го правиме. Создади си убави навики ама не само да напишеш на фејс туку навистина направи си убава промена. Поминуваш низ лош период? И јас поминав и скоро секој што го чита ова. Не си сам/a. И знаеш што? Лично мене тој лош период толку ме порасна што сега кога ќе погледнам назад си викам -‘Фала ти Боже за сите тешки денови’ Се ќе заврши и ќе дојде денот кога и ти ќе погледнеш назад и ќе бидеш благодарен/на за целиот хаос, за сите демони во твојата глава и за сите научени лекции. И ќе си почувствуваш колку си ГОЛЕМ/А. Дај си време. Дозволи им на убавите навики да почнат да делуваат. Имаш сила во себе за да се спасиш.Одсекогаш си имал/а да знаеш. Се што имаме во животот е СЕГА. Според мене нема поубав подарок од тоа.Полека само, се ќе си дојде на свое место.Обично сме преуморни не затоа што работиме премногу или даваме премногу туку зашто правиме ПРЕМАЛКУ од она што ни жари во душата. Дозволи си многу повеќе од тоа од денес па натака….Среќна Нова Година на сите“, напиша Спенџарска.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here