Српскиот пејач Бора Дрљача закрепнува после итната операција на дебелото црево, а голема поддршка му пружа 30 помладата пејачка Светлана Томиќ, во јавноста позната како Мала Цана.
Таа му дошла во посета, па и се фотографирала со него, односно потврдила дека закрепнувањето тече во најдобар ред.
„Боки ми е добар, наскоро снимаме новогодишни програми“, порачала таа во опис на фотографијата на која двајцата се насмеани.
Пејачот летово призна дека има девојка која има 32 години, но и додал дека после смртта на сопругата Рада исклучително му е тешко и дека не може да се заљуби.