Легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис и неговата сопруга Олимпија Хопсониду, станале родители по шести пат.
Олимпија Хопсониду, која пред две недели предизвика внимание откако во поодмината бременост се фрли по Светиот крст – стана мајка по шести пат.
Убавите вести ги открил кошаркарот, објавувајќи фотографија на Инстаграм, на која го држи бебето во друштво на пет деца.
„No6“, напишал таткото на три девојчиња и три момчиња.