Синот на македонската пејачка Ребека Јанковска Треневски завчера славеше роденден и наполни 13 години. Таа за „Женски магазин“ рекла дека Маркијан бил пресреќен по роденденската забава.
„Кога стасавме дома по роденденската забава, Маркијан ме гушкаше постојано и не заспа до 1 часот. Се изнасмеавме кога кажа: „Сакам уште родендени!“, вели Ребека за среќата на синот кој боледува од ретката болест, туберна склероза.
Пејачката која во здружението што го основа помага на многу лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, секогаш отворено зборува за секојдневието со својот син.
Погледнете фотографии од прославата: