Дека каубојките се хит и оваа сезона кога станува збор за чевлите не е тајна, но уште еден модел чизми е нешто што би требало да се поседува оваа сезона, и тоа можеби се далеку попрактични и поудобни.
Имено, улиците на светските метрополи се преплавени со таканаречените комбат чизми – мешавина на легендарните мартинки и бајкерки.
Оваа удобна чизма на изгледот му дава бунтовничка, урбана нота, па ќе изгледате во исто време лежерно и кул, а притоа вашите нозе ќе бидат на сигурно и да има невреме.
Погледнете некои модели: