ФОТО: Северина со нов имиџ- направи драстична промена

0
121


Северина Коиќ (47) во сабота со настапот во Словенија ќе ја заврши својата турнеја „Magic Tour“. Во склоп со неа, досега настапи во родниот Сплит, Белград и Загреб.

На наведените настапи во сите градови имаше исти креации, ги менуваше точно на одредени песни, но бојата беше иста. Сега таа на друштвените мрежи објави фотографија на која позира во розов комплет и штикли, но и со долга розова брановидна коса.

Не се знае дали е во прашање перика или Северина се одлучила малку да го промени изгледот и смеѓата коса да ја замени со розова. Некои ја фалеле за промената, а некои сметале дека такви „силни“ бои не се прикладни за жена која наскоро ќе наполни 50 години. Меѓутоа, наводно се работи само за стара фотографија која пејачката дури сега одлучила да ја објави и така да го најави својот концерт во Љубљана.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here