ФОТО: По снимањето на спотот ненадејно починала – Трагедија го скрши српскиот пејач

0
115


Преубавата црнка од видео записот за песната „Гдје чу сад, моја ружо“ во која што Џеј Рамадановски со години беше вљубен пред пет години ненадеејно почина на 44-годишна возраст.

Фолк пејачот со денови беше во шок кога слушнал дека починала неговата Дубравка која што глумеше во неговиот спот.

-Долго време беше заљубен во нејзе, како и многумина, но никогаш не открил дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, открива извор близок до пејачот, пренесува Ало.рс.

Таа имаше посебно место во неговото срце и останаа големи пријатели, но во последните години изгубија секаков контакт.

-Не можев да поверувам кога слушнав! Еве сега ми доаѓа да заплачам. Замина убавата Дуда. Беше многу добра жена, поштена и ова е навистина голема штета. Да и дадеше Господ барем уште малку да поживее. И сега се ежам кога зборувам за нејзе. Многу ми е криво што не сме се виделе, а последно време често размислував за нејзе. Како да било тоа некаков знак. Бог да ја прости, што можам друго да кажам сега кога веќе ја нема, рекол Џеј кога дознал за нејзината смрт и додал дека Дубравка секогаш ќе остане запамтена како убава Ружа со коси очи од неговиот видео запис.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here