Изминатите неколку дена во домашните медиуми на големо се пишува за учеството на поранешната сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска на изборот за убавина „Мис Глоуб 2019“, кој вчеравечер се одржа во Улцињ – Црна Гора.
Таа меѓу 50 учеснички од светот, три недели престојуваше во Црна Гора и се закити со титулата за Мис фотогеничност, награда за која веднаш по прогласувањето се пофали на социјалните мрежи.