ФОТО: „Отворам очи сабајлево и бум“ – Лила покажа какви подароци добила за роденден и како го издекорирала домот

0
44


Најпопуларната водителка во земјава, Лила Филиповска го прослави својот 49. роденден во друштво на своите пријатели.

На социјалните мрежи се редеа честитки за Лила, а таа фановите ги почести со фотографии на кои покажа како течела атмосферата за роденденот.

Таа сподели и какви подароци добила, но и како го издекорирала својот дом за прославата.

-Отворам очи сабајлево … и бум … 49 години. Па добро си викам .. не се 100, летаат годиниве, летаат ко минути и така драги луѓе среќна што сум здрава и жива сфаќам колку си ги сакам годините со сѐ што поминало низ нив. Какви и да се мој си се и не би се вратила ни година наназад. Секоја доба своја убавина и ако бирам меѓу младост и мудрост го бирам второво. Ама што има тука да се бира …. тоа е животот. Ќе уживам и ќе се смеам се дур имам заби и еве вака ќе се качувам по маси да се сликам дур имам вакви нозе. Краток е животот драги мои затоа да го уживаме максимално, и во лошото да наоѓаме добро, да си го гледаме својот двор, да шириме позитива и љубов , да си помагаме да се сакаме, а сега е најбитно да останеме здрави, живи и безбедни. И фала Ви на безбројните убави пораки кои ми пристигнуваат на постовите и во пораки ако не стигнам да Ви вратам еве овде ќе го направам тоа и бескрајно БЛАГОДАРАМ за поддршката која толку години ме држи тука околу вас и заедно со Вас… Ве сака Ваша Лила, напиша таа на Инстаграм.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here