(ФОТО) Најубава сцена на „Ел Класико“- Меси и Модриќ го воодушевија светот

0
84
loading...

„Ел Класико“ кое синоќа се играше во рамки на полуфиналето од Купот на Кралот помеѓу Барселона и Реал Мадрид  заврши нарешено (1-1).

Каталонците мечот го започна без својата најголема ѕвезда Лионел Меси, кој сепак влезе во игра во 63. минута иако Аргентинецот беше крајно неизвесен.

По мечот, мадридски „АС“ објави фотографија на која се гушнати двете десетки, Меси и Модриќ, па ги повика своите читатели со еден збор да ја опишат истата. „Фудбал“, „магија“ се само дел од коментарите кои што ги оставија читателите.

loading...
loading...