ФОТО: Надал се жени утре – први фотографии од местото на кое ќе биде свадбата

0
123


Рафаел Надал ќе се ожени утре на Мајорка со својата дологодишна девојка Марија Франсиско Парело која шпанските медиуми ја нарекуваат Чиска.

Славниот тенисер на раскошната свадба ќе има 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми.

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафаел на својата свадба ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално јадење на база на месо и риба.

Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Приватни авиони исто така нема да смеат да го надлетуваат местото, се со цел да биде спречено папараците да дојдат до ексклузивни фотографии од свадбата.

Невестата одбрала фустан од Барселона, додека венчавањето ќе го изврши свештеникот Томе Катала, пријател и духовник на смејството Надал.

Погледнете фотографии од местото на кое ќе се одржи свадбата:





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here