Македонската водителка Миа Костова често на својот Инстаграм профил објавува и фотографии од приватниот живот и споделува приватни моменти со своите фанови.
Овој пат таа одговараше на Инстаграм прашања, а едно од нив беше „Дали имаш партнер и како се справуваш со несогласувањата?“
„Имам да. Тешка сум знам и сама, ама ако ме научил партнерот, ко што ме научил, најчесто од едно уво му влага од друго му излага. Грозна сум на зборови кои не ги мислам. Пат до успехот, да ме остави да се издувам“ одговори Костова.