Македонската водителка Елена Стефановска или во јавноста попозната како Елена Живот со стил повеќе не го крие приватниот живот и одлучи со сите да сподели во кој е вљубена.
Водителката, по повод роденденот на нејзиното момче Бојан Најдоски, објави неколку нивни заеднички фотографии, на кои се гледа дека и двајцата се среќни и заљубени.
-Среќен роденден на оваа специјална личност која ми носи толку многу задоволство на моето срце. Благодарна сум на секој момент кој го минуваме заедно и посакувам нашата среќа никогаш да не заврши, напиша водителката во опис на фотографиите.