Клои Кардашијан веќе со години ја негува својата платинесто руса коса, која ѝ прилега како да е така родена, но сега, после долго време, одлучила да ја врати својата природна боја.
За потребите на снимањето за кампањата за нова колекција на парфем од брендот на нејзината сестра Ким, „KKW Beauty“, Клои повторно станала бринета, а со својата ново/стара боја на коса ги маѓепса обожавателите.
Видно изненадена, Клои за комплиментите се обратила на својот Твитер профил, каде ја открила и вистината за својата нова боја на коса.
Oh my god everyone is dying over my brunette wig lol wow who knew lol
— Khloé (@khloekardashian) October 29, 2019
„О, Боже мој, сите се воодушевени од мојата кафена перика. Кој би рекол?“, напишала Кардашијанката на Твитер и признала дека сепак не се одлучила за трајна промена. Но, со оглед на многуте позитивни реакции за нејзината кафена коса, можеби сега навистина ќе посака да ја врати својата природна боја.