Јелена Карлеуша денеска папараци ја снимија откако се појави во судот заедно со својот адвокат.
Никој не очекувал таа да се појави со оглед на тоа дека денеска започнува судењето за убиството на Јелена Маријановиќ и во судот денес се појави нејзиниот сопруг Зоран Маријановиќ кој е осомничен за убиството.
Поради тоа Јелена со своето присуство ги изненадила новинарите, а уште поголемо изненадување било дека таа во судот се појавила без шминка и со едноставен стајлинг на кој не сме навикнати да ја гледаме. Со темни очила за сонце и сериозен израз на лицето, пејачката дошла во судот, но засега никој не знае зошто.