ФОТО: Иван од Белград пред 15 години имал 127 килограми – по неговата трансформација изгледа како друг човек

0
108


Иван Тодоровиќ од Белград споделил на Инстаграм, фотографија која предизвикала бројни позитивни реакции, а која покажува дека гидините навистина не се важни во споредба со вложениот труд за добро тело. Иако е врежано правилото дека тинејџерите и децата по природа се фит, дури и доколку се хранат нездраво, оваа фотографија го покажува спротивното.

На левата фотографија Иван има 13 години и на пат е да си наметне големи проблеми со килограмите. На деснста страна е Иван денес – згодно момче од 28 години по кое секоја девојка се врти.

-Нема некоја посебна мудрост во оваа трансформација. Просто почнав да се хранам здраво и почнав со многу физички активности, а трчав и секојдневно – вели Иван за Жена.рс

Денес, вели дека е свесен за гојазноста која се создава од премногу внесување на храна, особено јаглени хидрати.

-Намалив на јаглени хидрати, ги зголемив протеините, а јадев и многу зелени јаболки. Трчав на почетокот по 5,10 километри дневно, а потоа зголемив – вели Иван кој е висок 190 сантиметри. Кога почнал со трансформацијата, имал 127 килограми, а на крајот на процесот имал 75.

-Изгледот го одржувам со секојдневни тренинзи, трчање и исхрана базирана на протеини – рекол Иван.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here