ФОТО: Зрачи и на 61. година – светската убавица гордо ги истакна брчките

0
106


Таа е една од омилените актерки на сите генерации… Славната актерка Мишел Фајфер отсекогаш важела за една фатална убавица па дури и сега кога има 61 година таа добива пофалби на сметка на нејзиниот изглед.

Холивудската ѕвезда објавила селфи фотографија на својот Инстаграм профил во целосно природно издание, без грам шминка. Крупен кадар во кој се гледа секоја нејзина брчка, но сепак тоа не го сменило мислењето на нејзините фанови кои ѝ дале безброј комплименти дека е “боженствена“.

Актерката едноставно сјае на фотографијата, со голема насмевка и секако нејзините сини очи и денес е првото нешто кое луѓето го забележуваат на неа.

„Боженствена си. Навистина си прекрасна. Твојата убавина е неверојатна“ – ѝ пишувале фановите по објавата на фотографијата.

Очигледно дека нејзината позитивна енергија и неважност на годините кои ги има, многу повеќе им се допаѓаат на нејзините следбеници за разлика од вулгарните фотографии на нејзините колешки.

Ова не е единствениот момент на нејзиниот профил кој спонтано го споделила со своите фанови туку таа често објавува такви “природни“ фотографии.

„Веганскиот начин на исхрана, избегнување на токсините кои го забрзуваат процесот на стареење. Навистина ја забележав разликата на својата кожа по преминувањето на веганскиот режим на исхрана“ – истакнала Фајфер во некое нејзино интервју.

https://press24.mk/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here