ФОТО: Девојка објави фотографија од часовник и го бара сопственикот – предизвика лавина коментари на Фејсбук

0
141


Фејсбук страницата „Spotted: Sarajevo”, како и  страниците слични на неа, им служат на корисниците како срвис за „изгубено-најдено“, а пронаоѓање личности или за емотивни и брачни понуди. Не делува баш сосема безбедно, посебно што се објавуваат главно фотографии од лица кои и не знаат дека се фотографирани. Се случува некој да има добри намери, но овој случај се чини дека намерата е поплочена со плочки до емотивен покол.

На популарната Фејсбук страница која ја следат 100.000 луѓе една девојак објавила фотографија од часовник со молба да се јави сопственичката.

„Ја барам девојката на која ѝ испаднал часовникот Касио кај моето момче во Голф 7. Па, ете, ако сака да ѝ го вратам, нека се јави“, стои во опис на фотографијата.

Реакциите на Фејсбук се движат од крајност до крајност. 

„Ако е ова женски часовник, јас сум астронаут“, „Можеби тебе ти го купил, само заборавил да ти го даде“, „Ти си уште полоша со оваа објава. Се чини дека сакаш да се пофалиш каков автомобил има твоето момче“, „Можеби часовникот е на некоја пријателка. И на крајот – ако е од љубовница, а ти си поминала преку тоа, тогаш ти си уште полоша“, се некои од коментарите.

Сопственикот на часовникот засега не се огласил.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here