Инфлуенсерката Хана Хаџиавдагиќ, попозната како босанската Парис Хилтон, со најновата објава на Инстаграм воодушевила бројни следбеници.
Многу познати лица овие денови заминаа на планина, а меѓу нив и Хана, на која се чини дека студеното време не ѝ пречи.
Имено, таа објавила фотографија на која позира облечена во едноделен костим, додека околу неа има само снег. Хана се приклучила на трендот позирање во разголени изданија на снег, кој дополнително го популаризирале сестрите Кардашијан.