Македонската актерка Нина Деан, ќерка на Гордана Деан сопруга на Кили, пред девет месеци стана мајка. Таа на свет го донесе својот син Каи и редовно на социјалните мрежи споделува дека ужива во мајчинството.
Деновиве таа и нејзиниот сопруг заминаа на планина за Каи првпат да види снег.
На својот Инстаграм, Нина сподели фотографија со синот, на која се гледа дека актерката многу брзо ја вратила линијата во идеална форма по породувањето.
За потсетување, Нина во една прилика истакна дека Мартин е нејзина љубов од детеските денови, па се појавил по 10 години и повторно се заедно, а љубовта ќе ја крунисаат со брак.